Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија

Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија e технички документ развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Документот е изработен со техничка поддршка на ФАО и инпутот на техничкиот персонал на релевантните национални институции вклучени во дискусиите во текот на 2019 година, а особено благодарение на водството на Кабинетот на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Овој технички документ е средство со кое се зајакнува сопственоста од страна на државата за зголемен пристап до климатски финансии и за транспарентно и партиципативно техничко оценување на националните приоритети во ангажманот со Зелениот климатски фонд. Документот ќе служи на потребите на различните засегнати страни и ќе обезбеди насоки и сите потребни елементи за развој на предлози со висок квалитет во Република Северна Македонија за финансиска поддршка од Зелениот климатски фонд.

Saved in:
Bibliographic Details
Main Author: FAO
Format: Book (stand-alone) biblioteca
Language:Macedonian
Published: FAO ; 2019
Online Access:https://openknowledge.fao.org/handle/20.500.14283/CA7327MK
http://www.fao.org/3/ca7327mk/ca7327mk.pdf
Tags: Add Tag
No Tags, Be the first to tag this record!