НАПРАВИ ДОБРО: СПАСИ ХРАНА!

Ако ги научиме младите да ја ценат храната, ќе постигнеме многу за намалување на отпадот од храна и ќе ја предизвикаме промената во однесувањето што е потребна за решавање на овој проблем, сега и во иднина. „Направи добро: спаси храна!“ е едукативен комплет осмислен токму за таа намена. Овој едукативен комплет е резултат на сеопфатен, научен и заеднички развоен процес во кој беа вклучени засегнати страни и од јавниот и од приватниот сектор. Тој е реакција на сè почестата потреба од информации за причините и можните решенија за решавање на проблемот со отпадот од храна и има за цел да ги ангажира децата во оваа глобална активност за намалување на отпадот од храна и за ублажување на придружните економски, еколошки и социјални влијанија. Комплетот поставува холистичка перспектива на системите за храна со стил на комуникација и алатки соодветни за развивање на свеста кај децата за овие проблеми. Конципиран е така да им овозможи на наставниците и на воспитувачите да ги изберат и да ги спроведат деловите од него што ги сметаат за најсоодветни. Дадени се и примери и совети за тоа како децата можат да станат активни „спасувачи на храна“ и поттикнувачи на промени преку пренесување на пораките до своите семејства и пријатели.

Saved in:
Bibliographic Details
Main Author: FAO
Format: Book (stand-alone) biblioteca
Language:Macedonian
Published: FAO ; 2021
Online Access:https://openknowledge.fao.org/handle/20.500.14283/CA0995MK
http://www.fao.org/3/ca0995mk/ca0995mk.pdf
Tags: Add Tag
No Tags, Be the first to tag this record!