Процедура „Без-приговор“ за проектите поддржани од Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија – Информативен леток

Зелениот климатски фонд (ЗКФ) е нов глобален фонд воспоставен од државите-страни на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ) со цел да се поддржат земјите во развој да одговорат на предизвикот што го носат климатските промени. ЗКФ има цел да поддржи промена на парадигмата кон развој со ниски емисии и климатска отпорност, земајќи ги предвид потребите на државите кои се особено ранливи пред влијанијата на климатските промени. Начелото на сопственост на државата е во суштината на активностите кои Зелениот климатски фонд ги спроведува во земјите во развој. Фондот верува дека сопственоста на државата е постојан процес, и дека Националниот назначен орган (ННО) има главна улога при поттикнување на институционален развој и ангажираност на засегнатите страни за воспоставување на ефективен механизам за решавање на прашањата поврзани со климата. Овој информативен леток е заеднички развиен од страна на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во улога на ННО за ЗКФ и ФАО во рамки на проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд”. Тој има за цел да ги информира националните засегнати страни во Северна Македонија, за клучните аспекти на начелото на ЗКФ за сопственост на државата, циклусот за одобрување на проекти за ЗКФ и процедурата „Без-приговор“ во Северна Македонија која ја спроведува ННО за да осигури дека финансирањето преку ЗКФ ќе биде ќе биде транспарентно, во согласност со националните климатски приоритети, стратегии, планови, закони и регулативи, потекнува од земјата, е ефикасно и ги вкучува сите.

Saved in:
Bibliographic Details
Main Author: FAO and the Government of the Republic of North Macedonia
Format: Brochure, flyer, fact-sheet biblioteca
Language:Macedonian
Published: FAO ; 2019
Online Access:https://openknowledge.fao.org/handle/20.500.14283/CA7300MK
http://www.fao.org/3/ca7300mk/ca7300mk.pdf
Tags: Add Tag
No Tags, Be the first to tag this record!
Search Result 1