Подготвеност при појава на високо патогена Авијарна Инфлуенца

Високо Патогената Авијарна Инфлуенца (ВПАИ) претставува закана за светската живинарската индустрија и човековите приходи, како и потенцијална опасност за човековото здравје. Меѓународната заедница има огромен интерес за минимизирање на ширењето на оваа болест. Државите можат да бидат изложени на авијарна инфлуенца преку контакти на живината со дивите птици, особено, водните, пловни птици. Тие исто така можат да бидат изложени преку инфицирана и контаминирана живина, живинарски производи и предмети. Организацијата за храна и земјоделие при Обединетите Нации и Светската организација за животинско здравје го подготвија овој прирачник за да им помогне на одговорните и останатите одгледувачи на живина за евентуалната појава на ВПАИ, побрза детекција на болеста и брз одговор за спречување на болеста.Прирачникот содржи пректични совети за идентификација на болеста, патологија и дијагноза; детекција, одговорност и контролни стратегии; биосигурносни мерки за превенција од влегување на болеста. Прирачникот е неизмерен извор од корисни информации за секој кој е инволвиран во одгледување на живината и оние кои се занимаваат со животинското здравје.

Saved in:
Bibliographic Details
Main Author: Martin, V.; Forman, A. and Lubroth, J. ;Animal Production and Health Division
Format: Book (series) biblioteca
Language:Macedonian
Published: FAO ; 2006
Online Access:https://openknowledge.fao.org/handle/20.500.14283/A0632MK
http://www.fao.org/3/a0632mk/a0632mk.pdf
Tags: Add Tag
No Tags, Be the first to tag this record!

Similar Items